Од владејачкото мнозинство за разрешувањето на Јавниот обвинител се пријавија 44 пратеници за говор

Денес на продолжението на шестата седница на Собранието на Република Македонија ќе се расправа за Предлогот за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски.

За расправа по оваа точка има пријавено над 80 пратеници од Собранието од кои 44 пратеници се од мнозинството предводено од СДСМ. ЗА оваа расправа од ВМРО-ДПМНЕ се пријавија 36 пратеници, додека од Движењето БЕСА се пријавија 2 пратеника.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.