Од вторник невреме со пороен дожд, но и натаму со максимални температури

Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, но и натаму со многу високи тепмператути, најавува од утре попладне УХМР.

Во среда и четврток нестабилно ќе биде на повеќе места, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок и сабота.

Утринските темпеартури ќе бидат од 11 до 21 степен, а дневните од 27 до 37 степени.

Најтопло ќе биде во сабота, со температура од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе биде 8.