Од вторник обилни врнежи од дожд

Значителна промена на времето се очекува од вторник па се до крајот на наредната работна седмица, кога Македонија ќе подпадне под влијание на влажни бранови од Медитеранот кои ќе предизвикаат поголема количина на воден талог, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

На повеќе места во вторник и среда процесите ќе бидат интензивни проследени со обилни врнежи од дожд и во форма на невреме. Не е исклучена и појава на грмежи.

Поради зголемената облачност и северното воздушно струење, температурата на воздухот значително ќе опадне.

Од УХМР препорачуваат поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, како и да се превземат соодветни активности за заштита од поплави.