Македонија

Од вторник редовна настава и во училиштата во Македонски Брод

Од вторник редовна настава и во училиштата во Македонски Брод

Од 20 јануари редовно продолжува второто полугодие за основците и средношколците од Македонски Брод, информира градоначалникот Милосим Војнески на денешната прес-конференција во локалната самоуправа на која присуствуваа и директорите на основното и средното училиште, на институциите од културата и дел од наставничкиот кадар.

– Се е подготвено за почетокот на второто полугодие во основното училиште „Свети Климент Охридски“ и во средното општинско училиште „Свети Наум Охридски“. Наставничкиот кадар и вработените во институциите од културата на состанокот на основните организации на СОНК одлучија да не го поддржат најавениот генерален штрајк на СОНК. Не сме против барањата на наставниците, но тие може да се решаваат со дијалог, а не на штета на децата, изјави Војнески.

Во Македонски Брод има околу 700 основци и средношколци.