Македонија

Од задутре стартува забрана за тешки товарни возила во Скопје

Од задутре стартува забрана за тешки товарни возила во Скопје

Задутре стартува времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната од 19. овој месец до 31.март идната,  во текот на денот и тоа од 8 часот до 20 часот.

Времениот режим се воведува како мерка за справување со зголеменото загадувањето на воздухот на подрачјето на градот Скопје.

Од ова решение се иземаат возилата кои превезуваат добиток, лесно расиплива стока, хуманитарна помош, медицински препарати, комунални возила, возилата на ЈГП, превоз на експлозивни, запаливи и отровни материи, возила за превоз на градежни материјали (сиров бетон), како и градежна оператива која врши градежни работи на градилиштата за Општините во Скопје, Град Скопје и Влада на РМ.

Се молат сите учесници кои управуват тешки товарни возила да се придржуват на поставената сообраќајна сигнализација.