Од жолтица заразен странски дипломат

Странски дипломат во Скопје е заразен со жолтица, дознава zdravstvo24.mk од извори од Клиничкиот Центар.

Дипломатот на Инфективната клиника во Скопје бил примен на почетокот на месецов со изразени симптоми на жолтица. Таму лежел една недела.

Вработениот во дипломатско претставништво на една соседна држава сега е на домашно лекување. Според податоците од епидемиолошката анкета странскиот дипломат најверојатно со хепатит А се заразил во земјата од каде доаѓа.

Како што дознава порталот zdravstvo24.mk превентивни лабораториски испитувања за хепатит А направиле и неговите колеги.

Од почетокот на летото во Центарот за јавно здравје се регистрирани 164 лица заразени со жолтица, а во моментот на Клиниката за инфективни болести со хепатит А хоспитализирани се 25 пациенти.