четврток, 29 јуни 2017  |  Вести денес: 31

Одбележан Денот на бригадата за Логистичка поддршка при АРМ

Бригадниот генерал Милески ја истакна важноста на брЛП пришто нагласи дека таа е највисока единица во доменот на логистичкото обезбедување во Армијата

vojska

Поврзани вести

Со воена свеченост во Техничко-ремонтниот центар во Скопје денеска беше одбележан Денот на бригадата за Логистичка поддршка(брЛП) при Здружената Опаративна Команда (ЗОК) во АРМ.

На одбележувањето присуствуваа заменик началникот на Генералштабот на АРМ Мухамет Рацај, командантот на ЗОК бригадниот генерал Зоран Милески, командантот на брЛП полковник Васко Тошевски како и поранешни команданти на единицата и претставници на цивилните претпријатија соработници со брЛП.

Бригадниот генерал Милески ја истакна важноста на брЛП пришто нагласи дека таа е највисока единица во доменот на логистичкото обезбедување во Армијата чија основна мисија е планирање, организирање и извршување на логистичка поддршка на командите и единиците на АРМ во мир, кризна состојба и војна.

 

„Оперативни на целата територија на Република Македонија, но и надвор од државните граници, во Авганистан и Босна и Херцеговина, денес припадниците на брЛП ја извршуваат својата мисија и задачи во согласност со потребите на единиците на АРМ и одобрените ресурси“, рече Милески.

 

Тој ја нагласи и улогата на бригадата во обезбедувањето на сите армиски капацитети кои се ангажирани на јужната и северната граница кои се во поддршка на припадниците на полицијата во справување со мигранстската криза.

Според командантот на брЛП Тошевски бригадата претставува здрав колектив кој ја има обврската да ја продолжи во, како што рече, континуитет логистичката поддршка на сите единици на АРМ.

 

„Сакам да истакнам дека нашите ангажирања во минатата година во логистичката поддршка на ангажираните единици на АРМ во справување со мигрантската криза, како и поплавите кои го зафатија скопскиот и тетовскиот регион, покажа дека логистичките елементи на АРМ успешно одговараат на предизвиците“, рече Тошевски.

 

Со одлука на Претседателот на Република Македонија за определување на денови на единиците на АРМ, за Ден на брЛП е одреден 20 мај, во спомен на денот кога во 1876 година започнало Разловечкото востание.

На прославата беа доделени стимулативни мерки на припадници од единицата за остварени резултати во работата и најдобро пласираните во претходно одржаните натпревари во повеќе дисциплини, а имаше и изложба на материјално-техничките средства со кои располага брЛП.

Најчитани вести