Одбележан Денот на МНР

Денеска, во просториите на Министерството за надворешни работи се одбележа Денот на МНР, 29-ти Април – празник што го симболизира создавањето на македонската дипломатска служба и нејзиниот развој од основањето во далечната 1969 година до денес.

На настанот се обрати Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, кој им се заблагодари на вработените за квалитетното, доследно, посветено и навремено извршување на работните задачи, со несмален ентузијазам и љубов кон својата земја низ изминатите години.

Во рамки на церемонијата, Попоски им врачи плакети на дел од пензионираните  вработени, а беше доделено и традиционалното признание „Млад дипломат на годината”.

IMG_6285-2000

Историјата на институцијата надлежна за надворешната политика започнала на 29 април пред 47 години во Скопје, кога биле поставени темелите на македонската дипломатска служба со формирањето на Бирото за односи со странство. Потоа, ова тело се трансформира во Секретаријат за односи со странство, за три години по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година да го добие името кое и денес го носи – Министерство за надворешни работи на Република Македонија.