Одбележан патрониот празник на Општина Илинден – „Илинден 2-ри Август“

Општина Илинден со пригодна културно-уметничка програма на свечен начин го одбележа националниот празник на македонскиот народ и патрониот празник на Општината – Илинден 2-ри Август.

Централната манифестација по повод одбележувањето на Денот на Општината се одржа на амфитеатарот во паркот „Галерија на отворено“, во дворот на храмот на културата во Општина Илинден-Домот на култура „Илинден“.
Со честитки за Денот на Општината и националниот празник, на присутните им се обрати градоначалникот Жика Стојановски

На свеченоста со повеќе инструментални композиции во кои преовладуваат традиционални изворни фолклорни ноти, настапија реномираните македонски музичари Драган Даутовски, Скопски дувачки квинтет на Васил Атанасов и Пламенка Трајковска секстет, а присутните имаа можност да ја погледнат и изложбата на академскиот сликар Новица Трајковски, што по повод Денот на општината беше поставена во Галеријата на Домот на култура „Илинден“.

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на Општината и националниот празник на македонскиот народ и годинава се одржа традиционалниот Спортски викенд Илинден 2017, под мото „Ние навиваме за Македонија“, на кој настапија над 700 спортисти, како и крводарителска акција, која и покрај тоа што се одржува во летниот период кога поголемиот дел од граѓаните се на годишни одмори, беше една од поуспешните досега.