Македонија

Одбележан Светскиот ден на семејниот лекар

Одбележан Светскиот ден на семејниот лекар

Ова денеска го истакна претседателката на Асоцијацијата Билјана Герасимовска-Китановска на одбележувањето на светските денови за хипертензија и семејна медицина 17 и 19 мај што се одржа под мотото „Дали го знаеш твојот број?“ пред спомен куќата на Мајка Тереза со бесплатно мерење на крвниот пристисок и со делење совети и брошури од страна на стручни лица.

– Тоа е огромна бројка и многу придонесува во вкупниот кардиоваскуларен ризик, односно од ризикот од миокарден инфаркт и ризикот од мозочни заболувања. Дури 53 проценти од вкупните кардиоваскуларни заболувања се смета дека се причина за вкупната смртност. Хипертензијата е еден од главните фактори кои придонесуваат за тоа. Голем е и бројот кај луѓето кои вооопшто не измериле крвен притисок, истакна Герасимовска-Китановска.

Апелираше да се зголеми свесноста за хипертензијата затоа што, како што рече, и лицата кои се здрави може да имаат повисоки вредности, за навреме да се преземат мерки со терапија за да се спречат несаканите последици.

Според неа, Македонија спаѓа во земјите со многу висок кардиоваскуларен ризик. Нагласи дека вкупната смртност заради кардиоваскуларни заболувања е многу голема.

Нада Аницин од Здружението на лекари по општа-семејна медицина информира дека почесто постарата популација доаѓа за проверка на крвниот притисок, но, како што рече, во последно време не е ретко и кај помладите луѓе да се детектира покачен крвен притисок. При контролите, според Аницин, доминира случајното откривање на покачен крвен притисок при доаѓањето во амбулантата поради друга симптоматија.

Кардиологот Магдалена Отљанска појасни дека при контролите на крвниот притисок кај граѓаните доколку се увиди дека имаат покачен притисок се препорачува додатна консултација за да се следи и понатаму пациентот поради превенција од кардиоваскуларно заболување.

Светскиот ден на семејниот лекар, првпат објавен во 2010 година од страна на WONCA(Светско здружение на семејните лекари), стана ден кој ја истакнува улогата и придонесот на семејните лекари во здравствените системи во целиот свет. Во Македонија  денес има повеќе од 280 специјалисти по семејна медицина. Семејната медицина е најдобриот начин да се подобри здравјето на поединецот, семејството и заедницата. Постојат многу докази  дека здравствените системи базирани на јака примарна заштита, што вклучува силна семејна медицина, се најефикасни, праведни и трошоците се најмали. Секое семејство треба да има семеен лекар на кој му верува секој член од семејството за здравствена грижа и совет.