Одбележана 12-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски

Одбележана 12-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски
Одбележана 12-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски
По повод 12-годишнината од трагичната смрт на Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски денеска пред споменикот поставен во негова чест, пред платото на спортскиот центар „Борис Трајковски” се оддржа пригодно чествување. 

Свежо цвеќе пред спомен обележјето положи директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и претставникот на Сојузот на спортски федерации на Македонија, Борче Боев. 

Исто така со положување свежо цвеќе почит му оддадоа и претставници од спортскиот центар „Борис Трајковски”, делегација од општина Карпош и претставници на спортските клубови и спортските медиуми.

Boris Trajkovski 1

Поранешниот Претседател на Република Македонија Борис Трајковски беше голем поддржувач на македонскиот спорт, а во младоста се занимаваше и со одбојка.
Поранешниот македонски претседател трагично загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар.