Одбележана деветгодишнината од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце

Со полагање цвеќе на спомен-обележјата пред командата на Воздухопловната бригада (вбр) во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и на местото на несреќата кај катлановско Блаце денеска се одбележа деветгодишнината од трагичното загинување на 11 припадници на Бригадата.

Почит  на загинатите припадници, покрај членовите семејствата им оддадоа и  делегации од кабинетот на Претседателот на Република Македонија, од Министерството за одбрана предводена од министерот Зоран Јолевски, од Генералштабот на АРМ предводена од заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај, од Здружената оперативна команда, вбр и од првата механизирана пешадиска бригада.

арм блаце

Во хеликоптерска несреќа кај катлановско Блаце, враќајки се од мировната мисија АЛТЕА, животот го загубија потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.

Почит на загинатите припадници на АРМ беше оддадена и во кампот Бутмир, Сараево, Босна и Херцеговина, од каде учесниците во мисијата АЛТЕА тргнаа на последниот лет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.