Одбележана Недела на детето

Настаните во кои ќе бидат вклучени четириесеттина деца од различна националност ќе се одржат во Прилеп, Тетово, Струмица, Куманово и Кавадарци.

Настаните ги организираат Советот за превенција од малолетничка деликвенција од Кавадарци, Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, Хуманитарното здружение Мајка од Куманово и Центарот за едукација и развој од Теарце во партнерство со Коалицијата на младински организации СЕГА и со поддршка на Детската фондација Песталоци.

Неделата на детето го прославува правото на децата да уживаат во своето детство, а претставува и можност децата да ги демонстрираат своите таленти, вештини и способности. Во 1954 година Генералното Собрание на Обединетите Нации го одреди Универзалниот Ден на детето како ден за промовирање на партнерство и разбирање помеѓу децата во светот. Оттогаш 20-ти ноември се развил во ден на кој се фокусирало вниманието на потребите на децата и нивните фамилии. Во 1985, е одлучено да се посвети цела недела по повод правата и потребите на детето.