Одбележани 22 години од формирањето на армиските „Волци“

Во касарната Илинден се одржа воена свеченост со која се одбележаа 22 години од формирањето на најелитната единица на АРМ.

На свеченоста присуствуваа: министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, и останатите генерали од АРМ, претставници од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, претставници од Министерството за одбрана на Република Македонија и ГШ на АРМ, командантите на  потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, поранешни команданти на единицата, претставници од локалната самоуправа и други високи гости.

volci-arm5

Министерот за одбрана во својот говор истакна дека „од самиот почеток вашата единица постојано го оправдува своето име, претставувајки ја најелитната единица на Армијата на Република Македонија и со право претставува сининим за највисоки стремежи, највисоки стандарди и највисоки резултати“.

jolevski-arm-volci

Но исто така го истакна и значењето која оваа единица го има во денешните глобални предизвици при што професионалноста и посветеноста ќе биде клучна за натамошното јакнење на капацитетите на АРМ.

Обраќајки се на припадниците на единицата командантот на пСО полковник Орце Јордев порача дека во ова време на предизвици интересите на единицата мора да бидат поважни од личните интереси со  цел исполнување на мисијата на единицата во изведување на специјални операции за одбрана на Република Македонија.

volci-arm3

-Одбележувањето на Денот на единицата,  заврши со свечено дефиле на единиците, по што се реализира методско-показна вежба „чистење на зграда„ каде припадниците на полкот ја покажаа својата обученост на комбинираната кула за извежбување, а потоа ги презентираа и боречките вештини со кои се препознатливи помеѓу останатите единици на АРМ.

volci-arm4

И покрај исклучитено високите критериуми на селекција за прием во единицата, на  последните конкурси за прием на професионални војници кандидатите покажаа огромен интерес токму за оваа атрактивна единица, се вели во соопштението.
volci-arm1

На свеченоста, по повод денот на единицата, беа прочитани стимулативни мерки за припадници на пСО за остварените резултати.

Со одлука на Претседателот на Република Македонија за определување на денови на единиците на Армијата на Република Македонија, за Ден на пСО е одреден 1 март,  датум на кој  за прв пат во Армијата на Република Македонија беше формирана Единица за Специјални Намени под името „Волци“, а од ноември 2006 година извршено е преструктуирање на единицата во полк за Специјални Операции (пСО) во чиј состав влегуваат Баталјонот за специјални намени и Ренџерски баталјон.