Македонија

Одбележан Денот на железничарите

Одбележан Денот на железничарите

Во Македонски железници Транспорт денеска е одбележан Денот на железничарите – 9 Април.

Во кругот на акционерското друштво се засадени повеќе  садници, а на свечена седница на Управниот одбор  и се доделени пофалници на вработени за посебни заслуги во вршењето на секојдневните работни задачи. Доделени се и благодарници на надворешни лица за заслуги во афирмирањето на железницата во Македонија и надвор од неа, соопшти АД МЖ Транспорт.

Во чест на Денот на Железничарите, во МЖ Транспорт се организирани натпревари во мал фудбал, пикадо, шах, табла и традиционалното влечење на јаже.