Одбележан Светскиот ден на хемофилијата

Профилаксата, иако не може да ја врати функцијата на зглобовите кои се веќе оштетени, со неа ќе се намали фреквенцијата на крварење, може да ја забави прогресијата на оштетувања и да се подобри квалитетот на животот, посочуваат од Здружението за хемофличари „Различни, а сепак еднакви“

Претседателот на Здружението на хемофиличарите на Македонија, Лилјана Рајчевска на одбележувањето на 17 април, Светски ден на хемофилијата, рече дека децата со хемофилија се на профилакса, што е голема предност.

– Добиваат профилакса на секој втор, трет ден фактор за коагулација и можат понормално да живеат. Од тие со мајорна форма на хемофилија, 70 отсто се инвалиди и кога би имале профилакса би им бил полесен животот. На возраст до 26 години, хемофиличарите се во група на деца со посебни потреби, а после 26 година тоа се укинува, немаме туѓа нега и помош. Би сакала Министерството за труд и социјална политика да го разгледа нашиот проблем, кој здравствено е многу поголем за лицата над 26 години, отколку за лицата на возраст до 26 години, истакна Рајчевска.

Во Република Македонија има 320 хемофиличари, а првиот случај е регистриран во 1956