Одбележување на 70 години од ослободувањето на Аушвиц

Меѓународна конференција на тема „Дипломатијата и депортацијата на македонските евреи во 1943 година“ ќе се одржи утре во МНР, во заедничка организација на МНР, ИХРА (Меѓународна алијанса за сеќавање на Холокаустот), Институтот за национална историја од Скопје, Меморијалниот центар на холокаустот на евреите од Македонија и Дипломатскиот клуб од Скопје.

Конференцијата ќе ја отворат министерот за надворешни работи Никола Попоски, Амбасадорот на Израел за РМ Д. Оријан, претседателот на МАНУ Владо Камбовски и претседателот на Управниот одбор на фондот на холокаустот на евреите од Македонија П. Леви, a покрај учесници од РМ ќе настапат со свои излагања експерти од Швајцарија, Израел, Италија, Србија, Грција, Франција.

Утрешното одбележување е јубилејно. Се навршуваат 70 години од ослободувањето на Аушвиц и 15 години од донесувањето на Стокхолмската декларација. Со резолуција на ОН од 1 ноември 2005, 27 јануари е востановен како меѓународен ден на комеморација на жртвите од холокаустот.