Македонија

Одбележување на 70-годишнината од АСНОМ

Одбележување на 70-годишнината од АСНОМ

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, денеска присуствуваше на свечената седница по повод 70-годишнината од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“.

На седницата која се одржи во организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија 1941 – 1945 година, претседателот на здружението, генералот Тодор Атанасовски порача дека АСНОМ не е обичен настан, туку детерминанта на определбата за независност. АСНОМ, рече пензионираниот генерал, треба да го чествуваат сите, бидејќи народот во Народноослободителната војна беше мултиетнички и мултикултурен.

DSC_0332--

На свечената седница присуствуваа и заменик-началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Насер Сејдини, голем број пензионирани генерали и учесници во НОВ и поддржувачи како д-р Срѓан Керим. Воедно, на свеченоста беше промовирана и брошурата „70 години македонска држава“ издадена од страна на Македонската академија на науките и уметностите.

   DSC_0342--