Одбележување на денот на таткото

Националниот совет за родова рамноправност денеска во Скопје ќе го одбележи Меѓународниот ден на таткото, со доделување на награди за најдобрите литературни и ликовни дела на конкурсот „Најдобриот татко“.

Награди ќе им бидат врачени на најдобрите, но и на градинките и училиштата кои испратиле најмногу дела на конкурсот што го објави Националниот совет.

Во 2006 година за првпат во Македонија беше одбележан, а од тогаш до сега секоја година во септември Националниот совет за родова рамноправност организира настан во кој ги вклучува децата од градинките и основните училишта, поттикнувајќи ја нивната креативност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.