Одбележување на Европскиот ден за меѓугенерациска солидарност

По повод одбележувањето на Европскиот ден за меѓугенерациска солидарност, здружението „Доблест“ денеска органзиира Меѓугенерациски хепенинг.

Воведно обраќање на настанот,  што ќе се  одржи во ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“, оддел „Мајка Тереза“ во Злокуќани, ќе има  д-р Ленче Нелоска, директорка на Геронтолошкиот завод.