Одбележување на Европскиот ден за рационална употреба на антибиотици

Република Македонија секоја година, традиционално, го одбележува Европскиот ден за рационална употреба на антибиотиците (ЕААД) на различен начин и преку настани насочени кон општата и стручната јавност.

Оваа година, ЕААД денот се одбележува по седми пат, а централен настан е меѓународната работилница за сите микробиолошки лаборатории во Република Македонија со поканети гости – микробиолози од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Србија и Бугарија што се организира во периодот од 14 до 16.11.2014 година, со 68 учесници.

Преку теоретски и практичен дел на работилницата, сите учесници ќе имаат можност во лабораториите на Институтот за јавно здравје и Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицинскиот факултет, Скопје да работат на детекција на мултирезистентни бактерии, како и на механизмите на појава на резистенцијата. Со оваа меѓународна работилница се отвораат вратите на македонските лаборатории и клиники за учество во меѓународни истражувања за нови антибиотици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.