Одбележување 75 години од формирањето на Првиот скопски партизански одред

Во Скопје денеска ќе бидат одбележани 75 години од формирањето на Првиот скопски партизански одред.

За значењето на овој датум на одбележувањето ќе говори Борко Зафировски член на претседателсвата на главниот и градскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 година.

На собирот се очекува да присуствуваат претставници на Град Скопје, Општина Карпош, претставници на политичките партии во РМ, учесници во НОАВМ, граѓани и почитувачи на НОАВМ и нејзините придобивки.