Македонија

Одбележување на 12 години од смртта на Борис Трајковски

Одбележување на 12 години од смртта на Борис Трајковски

Утре навршуваат 12 години од трагичната смрт на Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, кој беше особена личност и народен човек кој го живееше својот живот посветен на својата земја.

Поради тоа во чест на поранешниот шеф на нашата држава, утре пред споменикот кој се наоѓа на платото пред најголемиот спортски комплекс во нашата држава, Спортскиот центар Борис Трајковски, Директорот на спортскиот центар, Златко Перински, Директорот на Агенција за млади и спорт, Марјан Спасески, Претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаревски, претставниците на Спортското радио, како и Претседателот на Сојуз на спортови на Македонија, Борче Боев ќе оддадат почит и ќе положат спомен цвеќе.