Одбележување на Светскиот ден на семејниот лекар

Под мотото „Дали го знаеш твојот број?“  ќе се врши бесплатно мерење на крвниот пристисок со делење совети и брошури од страна на стручни лица.

– Семејната медицина е најдобриот начин да се подобри здравјето на поединецот, семејството и заедницата. Постојат многу докази  дека здравствените системи базирани на јака примарна заштита, што вклучува силна семејна медицина, се најефикасни, праведни и трошоците се најмали. Секое семејство треба да има семеен лекар на кој му верува секој член од семејството за здравствена грижа и совет, велат од Здружението.

Светскит ден на семејниот лекар – 19 мај, првпат објавен во 2010 година од страна на Светското здружение на семејните лекари, стана ден кој ја истакнува улогата и придонесот на семејните лекари во здравствените системи во целиот свет.

Во рамки на овој настан ќе се одбележи и Светскиот ден на хипертензија – 17 мај, со поддршка и на Светската здравствена организација  и Министерството за здравство  на Република Македонија.