Одбележување на Велики петок во Ерусалим

Илјадници католици и протестанти го одбележаа Велики петок во стариот дел на Ерусалим, поминувајќи по патот, за кој се смета дека го поминал Исус Христос пред да биде распнат на крст на Голгота.

Меѓу учесниците имало Палестинци и граѓани на други држави, кое носеле дрвени крстови со различни големини, пренесува БТА.

Израелската полиција затвори неколку улици кон стариот дел на Ерусалим, најголем број улици кои водат до Виа Долороса и Божјиот гроб. Муслиманите кои во петок обично ја посетуваат џамијата Ал Акса до храмот пристигнуваа по заобиколен пат.