Одбиени жалбите за притворите на пратениците Димовски и Василевски

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 Скопје донесе решение со кое ги одби жалбите  за определување притвор за пратениците Љупчо Димовски и Сашо Василевски и ги потврди решенијата  на судијата на претходна постапка.

„Постапувајќи по жалби изјавени против решенија на судија на претходна постапка за определување мерка притвор против за С.В. и мерка куќен притвор за Љ.Д., опфатени со предлогот на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, а поврзано со настаните од 27 април во Собранието на РМ, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 по одржана седница, донесе решение со кое ги одби жалбите и ги потврди решенијата  на судијата на претходна постапка, соопшти попладнево Кривичниот суд.

Василевски е во притвор во Шутка, а Димовски во куќен притвор, откако Собранието им го одзеде имунитетот.