Балкан

Одбиено барањето на Караџиќ за повторно судење

Одбиено барањето на Караџиќ за повторно судење

Хашкот трибунал го одби барањето на Радован Караџиќ за неговото судење да почне одново поради доцнење во обелоденувањето на доказите на Трибуналот.

Судијата О Гон Нон објасни дека Караџиќ не докажал дека доцнењето на Трибуналот негативно влијае на неговата одбрана.

Караџиќ, на кој му се суди за геноцид во Сребреница и во уште седум општини, прогонство на Бошњаци и Хрвати ширум Босна и Херцеговина, тероризирање на граѓаните во Сараево и земање на припадници на УНПРОФОР како заложници, побара неговото судење одново да започне бидејќи Трибуналот доцни со доказите.

Тужителите му одговориле дека тој го преувеличува проблемот и затоа неговото барање треба да биде отфлено.

Ваква иста одлука, Трибуналот донел и во септември минатата година.