Одблежани 143 години од раѓањето на Гоце Делчев

Делегација на Градот Скопје, предводена од градоначалникот Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева положија цвеќе на гробот на нашиот великан Гоце Делчев, во Црквата Св. Спас во Скопје.

koce1

Во Црквата Св.Спас  беше одржана Панихида на Македонската православна црква, а по повод 143 година од раѓањето на еден од најголемите македонски револуционери, национален херој и великан,  настапи и Мешаниот градски хор „Вардар“ под диригентско водство на Јасмина Ѓорѓеска.

Еден час подоцна, Делегација од Град Скопје, како и високи државни и официјални делегации положија цвеќе и на споменикот на Гоце Делчев на Плоштадот Македонија, како и на споменикот во Градскиот парк во Скопје.