Спорт

Одбојка на песок во Охрид

Одбојка на песок во Охрид

Од 26 јули до 3 август ќе се одржи осмото издание на првенството во одбојка на песок, Beach Volleyball Ohrid 2014, на плажата Бафало во Охрид.

И оваа година првенството го задржува својот меѓународен карактер, па покрај домашните одбојкари и одбојкарки, во Охрид се очекува настап на натпреварувачи од Србија, Бугарија, Албанија, Украина и Косово.

Минатата година шампионските пехари ги освоијаВалон Никчи и Газменд Хусај од Косово во машка конкуренција и Марија Алаџова и Ирена Мишонова од Бугарија во женска конкуренција.

Покрај професионалниот турнир кој ќе се одржи од 1-3август, на терените на Бафало во Охрид ќе можат да учествуваат и рекреативците, компаниите и одбојкарските надежи, почнувајќи со бизнис турнирот овој викенд, од 26 јули, па турнирот за рекреативци од 28 јули и јуниорскиот турнир на 30-31 јули.

Програмата на Beach Volleyball Ohrid 2014, покрај спортскиот натпреварувачки дел, како и секогаш, ќе биде надополнета со многу забава, музика и интересни настани организирани од спонзорите и партнерите на првенството, како и од присуството и учеството на јавните личности на најатрактивниот летен настан во Македонија.

За учесниците покрај медалите и пехарите, се предвидени и парични и стокови награди. Професионалците ќе се натпреваруваат за паричен награден фонд од 2.000 евра.

Пријавувањето за сите категории е во тек и може да се направи преку официјалната веб страница www.beachvolleyball.com.mk.

Организатори на Beachvolleyball Ohrid 2014 се BeachVolleyball Macedonia и Одбојкарската федерација на Македонија во соработка со градот Охрид и со поддршка на спонзорите и медиумските партнери на првенството во одбојка на песок.