Одбрана: Караџиќ не знаел за масакрот во Сребреница

Поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџич, не знаел за масакрот на илјада муслимани во 1995 година, рече пред Хашкиот суд неговиот правен советник, Питер Робинсон, кој побара и отфрлување на обвинувањето на геноцид.

Робинсон во завршните зборови рече дека „не постои ниеден доказ дека Караџиќ планирал или наредил убиство на заробените во Сребреница или дека не знаел за тоа“, пренесува Танјуг.

„Во суштина тие случувања се скриени од нега и поради тоа тој не е виновен за геноцид“, додава Робинсон.

Обвинетиот, Радован Караџиќ (69), исто така ги отфрли обвинувањата за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото.

Хашкото тужителство, завршните зборови ги даде на 29 септември и наведувајќи дека поранешниот претседател на РС бил „движечката сила“ на политичкото етничко чистење за време на војната во Босна и Херцеговина, за да може без проблем да се однесува како мафијаш, а се покажал и дека бил голем лажго.

Обвинителството во својот поднесок побара доживотна затворска казна за Караџиќ, а пресудата може да се изрече и пред самиот крај на 2015 година.

Караџиќ, по повеќегодишно бекство, е уапсен во Белград во јули 2008 година и му беше испорачан на Трибуналот.

Судењето започна во октомври 2009 година, а Обвинителството со изнесување на докази завршило на 25 мај 2012 година, по сведочењето на 195 сведоци.

Изнесувањето на доказите на одбраната започнало на 16 октомври 2012 година и завршено е на 1 мај оваа година, по сведочењето на 238 сведоци.

Караџиќ во текот на судењето изјави дека масакрот во Сребреница е мит и дека муслиманите ги исценирале злосторствата за да можат да ги обвинат босанските Срби и дека тој правел се што е во негова моќ за да избегне крвава граѓанска војна во Босна.

Конечната пресуда не се очекува да биде пред крајот на 2015 година.