Одбраната бара изземање на вештакот во случајот „Топлик“

Aдвокатите на обвинетите во случајот „Топлик“ сметаат дека вештачењето е пристрасно и во вторникот побараа да биде изземено од доказите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), за што судот дополнително ќе се изјасни.

Вештачењето на документите во случајот „Топлик“ да не биде дел од списите на судот, побара одбраната. Според нив, вештакот кој работел на документот немал лиценца и бил роднина со вработена во СЈО.

Поради ова, адвокатите сметаат дека вештачењето е пристрасно и побараа да се изземе од доказите на СЈО. Судекиот судија рече за ова дополнително ќе се изјасни. Ново рочиште е закажано за март.

За предметот на Специјалното јавно обвинителсво (СЈО) под назив „Топлик“, осомничени се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажбата на градежна парцела во скопско Сопиште, поточно дека за незаконски ѝ овозможиле на фирма да купи државно земјиште за изградба на комплесот Сончев град.