Македонија

Одбраната на Дурловски, Чавков, Лазаров и Пепиќ на јавната седница побараа укинување на притворoт

Одбраната на Дурловски, Чавков, Лазаров и Пепиќ на јавната седница побараа укинување на притворoт

Жалби на Решението за продолжување на мерката притвор со барање таа да биде укината вложија во четвртокот на јавната седница во Апелацискиот суд бараа адвокатите на поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков на јавна седница беа спроведени и оперскиот пејач Игор Дурловски, поранешниот началник во МВР, Душко Лазаров и полицискиот службеник Мунир Пепиќ, додека Вишото јавно обвинителство бара осомничените да останат во Истражниот затвор во Шутка.

Одбраната на оперскиот пејач Дурловски побара од второстепениот суд да му биде определен куќен притвор.

Ставре Џиков, адвокатот на Игор Дурловски, од Апелациониот суд побара неговиот клиент да биде пуштен од притвор со образложение дека станува збор за татко три деца и национален уметник, кој ја претставува земјата во странство и поради тоа нема да бега. Дурловски, кој дојде од истражниот затвор во Шутка на јавната расправа, кажа дека нема што да додаде на излагањето на неговиот адвокат.

Вишото јавно обвинителство потсети дека Дурловски, еден од лидерите на граѓанското движење „За заедничка Македонија“, како и другите притворени, е осомничен за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата и дека местото на вршење на кривичното дело е законодавниот дом.

Во скопскаот апелационен суд присуствуше и неговата сопруга оперската певица Ана Дурловска. Таа носеше со маичка на која е отпечатен ликот на нејзиниот сопруг, со натпис: „Правда за Игор“.

Одбраната на поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, исто така, побара тој да буде пуштен да се брани од слобода или притворот да му се замени со поблаги алтернативни мерки. Неговиот адвокат Сашо Дукоски наведе дека Кривичниот суд со наведувањето на кривичната одговорност како основ за продолжување на притворот го прогласил Чавков за виновен во, како што рече, кога истрагата за Основното јавно обвинителство е во „ембрионална фаз“.

„Ништо не е преземено во истрагата, а осомничениот веќе се прогласува за виновен“, истакна адвокатот Дукоски.

Посочи дека не се издражни ниту наводите дека Чавков може да влијае врз сведоци и да ја попречува истагата кога веќе поминале седум месеци од настанот, како и здравствената состојба на Чавков, односно дека имал тежок инфаркт неколку месеци пред притворањето.

Чавков во своето обраќање пре тричлениот Судски совет на Апелација рече дека материјалните докази ќе покажат дека раководел со акцијата за смирувањето на состојбата во Собранието на Македонија на 27-ми април.

„Од материјалните докази ќе се види дека со раководењето на акцијата во едни специфични околности дадов клучен прионес за спасување на животите на пратениците и нивна дислокација на безбедно. Апсолутно не се чувствувам виновен и тоа ми дава сила и покрај мојата здравствена состојба да истраам и во една легална процедура и да ја докажам мојата невиност“, рече Чавков и истакна дека е инволвиран во еден апсурден случај кој претставува „темна дамка кривично-правниот“ систем.

„Не сум виновен и не планирам да бегам“, рече во судот началникот Лазаров, кој е еден од осомничените за настаните во Собранието на 27-ми април и додаде дека доколку сакал да влијае врз сведоци ќе го направел тоа и дека неговиот работен однос е во мирување поради притворот.

Полицискиот службеник Мунир Пепиќ, пак, изјави дека за време на настаните во Собранието на 27-ми април ѝ облекол докторски мантил на пратеничката од СДСМ Радмила Шекеринска за да ја евакуираат.

Денес до Апелацискиот суд Скопје стасала уште една жалба за мерката притвор, поднесена од пратеникот Крсто Мукоски. Судот треба да донесе одлуки за денешните жалби, како и за јавните седници кои беа одржани во средата.

Претставникот на Вишото јавно обвинителатво бара да се одбие жалбата бидејќи притворот е непходен за обезбедување на присуство на Чавков. Претходно Вишото јавно обвинителство за сега побара укинување на притворот и определување на поблага мерка само за актерот Владо Јовановски.