вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 21

Одбраната тврди дека немало тероризам во кумановско „Диво Насеље“

Продолжува судењето за обвинетите од кумановско „Диво насеље“. Во моментов, при крај е давањето на воведните зборови на одбраната. Обвинетите тврдат дека не се чувствуваат виновни за делото за кое што се товарат.

obvineti-diva-naselba

Поврзани вести

Продолжува судењето за обвинетите од кумановско „Диво Насеље“. Во моментов, при крај е давањето на воведните зборови на одбраната. Обвинетите тврдат дека не се чувствуваат виновни за делото за кое што се товарат.

Одбраната тврди дека ќе докаже со факти и докази дека обвинетите не се виновни за кривичното дело „тероризам“ за коешто се товарат.

На денешното рочиште обвинетите тврдеа дека не се терористи, но велат дека биле организирана група. Вистинска драма во судницата предизвика исказот на двајца од обвинетите кои кажаа:

Ние сме наместени. Бег Ризај и Мирсад Ндрецај ни рекоа: Ние во Куманово сме фигури, ако дојде полиција нема да нападнеме, туку ќе пукаме само во воздух. Зошто овие двајца, и Ризај и Ндрецај се убиени отпосле, откако беа однесени во полициска станица, прашаа во судницата обвинетите.

На денешното рочиште, адвокатите и обвинетите се уште ги изнесуваат воведните зборови.

Најчитани вести