Одегард пресече околу неговата иднина – станува “крал”

Мартин Одегард, норвешкото фудбалско чудо од дете е нов член на Реал Мадрид.

Тој и официјално потпиша со “кралскиот клуб”, а според информациите, првичната сума која ќе ја плати Реал изнесува 3 милиони евра. Сепак оваа сума не е конечна, бидејќи во договорот има многу клаузули, според кои досегашниот клуб на Одегард, Штромгосет во иднина ќе може да добие значителни суми.

Како дел од трансферот на 16-годишниот Одегард во Реал е и именувањето на неговиот татко Ханс Ерик Одегард за тренер во младинската школа на тимот од Мадрид.

На почетокот од својата нова авантура, најбараниот млад фудбалер во Европа ќе настапува за вториот тим на “кралевите”, Кастиља, кој е предводен од легендата на францускиот и светскиот фудбал, Зинедин Зидан.