Одегард влезе во историјата на европскиот фудбал

Норвежанецот Мартин Одегард го запиша своето име во аналите на европскиот фудбал, откако на дуелот помеѓу Норвешка и Бугарија влезе во игра во 64-та минута и со 15 години и 300 дена и стана најмладиот играч во историјата кој настапил на еден квалификациски натпревар.

Овој рекорд до сега беше во сопственост на Исланѓанецот Сигурдур Јохансон кој својот прв официјален меч за репрезентацијата го одигра со 16 години и 251 ден.

Одегард, пред кого престои блескава кариера, постојано е набљудуван од скаути на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Реал Мадрид и други гиганти ширум Европа.