Одеса: Обвинителството утврди 46 загинати

Обвинителството во Одеса за потврди смртта на 46 лица, јавуваат локалните медиуми.

Обвиниелот на Областа Одеса, Игор Боршулјак соопштиле дека во вчерашните судири и пожарот во Домот на синдикатите загинале 46 лица и повеќе од 200 побарале поммош во болниците. Дваесетмина од загинатите се полицајци. Осум лица загинале откако скокнале од повисоките катови.

Боршулјак информирал на брифинг во врска со трагичните настани од втори мај во Одеса.

„Нашиот мултинационален град секогаш бил пример за мудрост, трпеливост и толеранција. За голема жал, вчерашните настани доведоа до смрт на 46 лица. Изразуваме длабоко сочувство до роднините на загинатите. Ги молам сите жители на градот и неговите гости да го сочуваат спокојството и да не подлегнуваат на провокации. Градот се наоѓа под контрола на властите“, изјавил обвинителот.

Според него, се истражува оргнизирањето масовни безредија, планирано уништување на имот, убиство, преземање згради и хулиганство. Уапсени се повеќе од 120 лица. Обвинителство не ги потврдува гласините дека во зградата на Домот на синдикатите се откриено оружје како и тоа дека кај загинатите се откриени руски и приднесторски пасоши. Идентификувани се шестмина од загинатите и сите се жители на Одеса.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.