Одесник и втор пат со позитивен допинг тест – ја завршува кариерата

Интернационалната тениска федерација денеска објави дека Одесник вторпат имал позитивен допинг тест во последните 5 години, поради што ќе добие 15 годишна суспензија.

Одесник има 29 години, а во 2010 година беше казнет со 2 годишна суспензија поради користење недозволен хормон, а сега имал позитивен тест за користење анаболички стероиди.

Тој изјави дека во декември минатата година користел додаток во исхрана во кој бил вклучена забранетата супстанца и дека бил шокиран кога дознал има позитивен допинг тест. Истовремено најави легален процес за да ја докаже невиноста, но и најави дека ја завршува тениската кариера.

Најдобриот АТП ранкинг на Американецот беше 77-то место во 2009 година.

Интересно е дека дел од тениската елита, меѓу кои и Енди Мареј и Милош Раониќ, ја поздравија одлуката со која Одесник заработи 15 годишна суспензија.