Ако го знаете одговорот на овие прашања ќе работите во Епл

Ако го знаете одговорот на овие прашања ќе работите во Епл. Да се работи за компанијата Епл можеби ви изгледа како исполнување на сите соништа, но се смета дека станува збор за едно од работните места што се најголем предизвик во светот. Сепак со големата моќ доаѓа и голема одговорност, а во Епл сигурно не вработуваат секого.

Големите компании од ИКТ секторот, како Гугл, Епл и Мајкрософт низ годините креираа низа сериозни тестови и прашања за да се уверат дека оние што ќе почнат да работат за нив се најдобрите на пазарот на труд во тој момент.

Епл точно знае каков профил на луѓе сака да вработи, а подолу се 15-те интересни прашања што сигурно ќе ги добиете ако аплицирате на разговор за работа кај нив. Ако го знаете одговорот на овие прашања ќе ќе работите во Епл.

Ако го знаете одговорот на овие прашања ќе добиете работа во Епл
Ако го знаете одговорот на овие прашања ќе добиете работа во Епл
  1. Една работа на која сте посебно горди?
  2. Кои се вашите најголеми неуспеси и што научивте од нив?
  3. Опишете еден проблем од претходното работно место и кажете ни како го решивте?
  4. Како ќе му објасните на осумгодишно дете што е рутер и како тој функционира?
  5. Зошто се пријавивте на позицијата во Епл?
  6. Дали некогаш сте имале спротивставени мислења со вашите надредени и како му пристапивте на тој проблем? Наведете конкретен пример и конечен исход.
  7. Како ќе тестирате дали тостерот е исправен?
  8. Дали сте креативни? Опишете ни нешто што сметате дека е креативно?
  9. Имате две јајца и сакате да дознете која е најголемата височина од која може да се фрли јајцето, а да не се скрши. Како ќе го направите тоа?
  10. Зошто токму вас би требало да ве вработиме?
  11. Што е поважно: Да се поправаат проблемите на корисниците или да се создаваат нови добри искуства?
  12. Изгледате како позитивна личност. Што може да ве онерасположи?
  13. Демонстрирајте ни како на купувачот би му покажале дека му стоите на располагање, служејќи се само со вашиот глас.
  14. Опишете ни го најдобриот и најлошиот ден што сте го доживеале во последните четири години.
  15. Колку деца се раѓаат во светот секој ден?