вторник, 6 декември 2016  |  Вести денес: 0

Одиграни четири натпревари од седмото коло од ракометната Лига на шампионите

Во ракометната Лига на шампионите досега се одиграни четири натпревари од 7. коло.

лига

23 Hendrik Perkeler , Rhein-Neckar Loewen vs. Vardar Skopje , RNL Saison 2016 / 2017, MSP_1711_Loewen, © Copyright: AS Sportfoto, www. as-sportfoto.de,

Поврзани вести

Една од најважните победи синоќа ја постигна македонскиот првак Вардар, кој на гостувањето кај Рајн Некар Левен го победи германскиот шампион со 33:27.

Полската екипа Висла пак на домашен терен го совлада Кадетен Шафхаузен, а швајцарскиот тим остана без освоен бод и по оваа рунда.
Динамо Букурешт синоќа го совлада Холстебро, а во средата европскиот првак Киелце славеше како гостин против ППД Загреб.

Резултати од 7. коло:

А група: Висла – Кадетен Шафхаузен 33:26, Силкеборг – Барселона, Веспрем – ПСЖ и Кил – Флензбург (играат во недела).

Табела: ПСЖ 10 бодови, Барселона 10, Веспрем 8, Флензбург 7, Кил 6, Висла 5, Силкеборг 4, Кадетен Шафхаузен 0.

Б група: Рајн Некар Ловен – Вардар 27:33, ППД Загреб – Киелце 23:26, Кристијанштад – ПИК Сегед и Мешков Брест – Цеље (играат во сабота).

Табела: Вардар 12, Киелце 10, Рајн Некар Ловен 9, ПИК Сегед 7,

Мешков Брест 6, Цеље 3, Кристијанштад 3, ППД Загреб 2.

Ц група: Татран Прешов – Монпеље, Ла Риоха – Чеховски Медведи (играат во сабота) и Елверум – Металург (играат во недела).

Табела: Ла Риоха 9, Монпеље 8, Татран Прешов 6, Елверум 5, Чеховски медведи 4, Металург 4.

Д група: Динамо Букурешт 30:25, Брага – Бешикташ и Нант – Мотор играат во сабота.

Табела: Нант 11, Мотор 7, Бешикташ 7, Динамо 6, Брага 4, Холстебро 3.

Најчитани вести