Одиграни натпреварите од квалификациите за ЕП 2016 во рамките на групите Е,Ц и Г

Синоќа се одиграа дел од натпреварите од второто квалификациско коло за ЕП 2016 во Франција, а на програмата беа три групи. Од сите дуели кои беа одиграни, најсилно одекна поразот на селекцијата на Шпанија која загуби на гостувањето кај Словачка 2:1 (1:0), во натпревар кој е дел од групата ,,Ц’’ каде е и нашата Македонија.

Селекцијата на Шпанија на овој натпревар беше потполно надиграна од цврсиот домаќин кој во ниту еден момент не се откажа од својата цел и креираше доста шанси за гол што изненади многумина. Касиљас ја спасуваше Шпанија се до 17-та минута кога направи катастрофален кикс и Словачка поведе со голот на Јурај Кучка.

Шпанците имаа теренска доминација, се обидуваа да стигнат до израмнување, а тоа конечно им успеа во 83-та минута кога Пако Алкасер успеа да погоди за 1:1. И кога можеби сите очекуваа Шпанија да тргне во комплетна офанзива за постигнување втор победоносен гол, се случи обратното.

Мирослав Штох постигна гол во 87-та минута од мечот и го донесе вториот триумф за Словачка во оваа група, додека Шпанија остана на трите бода кои ги освои во дуелот со нашата селекција.

На дуелот пак помеѓу Англија и Сан Марино, очекувано, немаше место за никакво изненадување. Англичаните славеа со убедливи 5:0 (2:0) и во ниту еден момент резултатот не беше доведен во прашање.

ЕП 2016 квалификации, 2.коло:

Група ,,Ц’’

Белорусија – Украина 0:2 (0:1) / Мартинович (АГ), Сидорчук 93’

Македонија – Луксембург 3:2 (1:2) / Трајковски 20’, Јаховиќ (Пен.) 66’, Абдурахими 92’/ Бенси 39’, Турпел 44’

Словачка – Шпанија 2:1 (1:0) /Кучка 17’, Штох 87’/ Алкасер 83’

Група ,,Е’’

Англија – Сан Марино 5:0 (2:0) / Јагиелка 28’, Руни (Пен.) 43’, Велбек 49’, Таунсенд 72’, Руни 78’

Литванија – Естонија 1:0 (0:0) / Миколиунас 76’

Словенија – Швајцарија 1:0 (0:0) / Новаковиќ 79’ (Пен.)

Група ,,Г’’

Лихтенштајн – Црна Гора 0:0 (0:0)

Молдавија – Австрија 1:2 (1:1) / Дедов 27’ (Пен.) / Алаба 12’ (Пен), Јанко 51’

Шведска – Русија 1:1 (0:1) / Тоивонен 49’ / Кокорин 10’