Одиграни првите натпревари од последното квалификациско коло во Лигата на Европа

Синоќа во Лига на Европа беа одиграни првите натпревари од последното квалификациско коло пред групната фаза.

Македонските интернационалци што играат во тимовите кои вчера настапија одиграа одлични натпревари.

Иако нашиот напаѓач Крсте Велковски на два пати беше асистент при погодоците за својот тим Сараево против силната Борусија Менхенгладбах, сепак тоа не беше доволно да се избегне поразот од 2-3. Гостите од Германија двапати водеа, но Сараево одлично парираше и на два наврати успеваше да резултатски да се врати. Третиот гол за Борусија беше доволен за победа на тешкото гостување на Кошево.

Тимот на Адис Јаховиќ, Ријека, иако беше доминантна во текот на целиот меч и имаше многу шанси за погодок, сепак голот за победа го постигна во 85. минута, односно 7 минути откако нашиот интернационалец го напушти теренот.

Од останатите македонски фудбалери кои настапија синоќа, Адем Адеми, кој е член на Динамо З., победи на тешкото гостување во Романија против Петролул со 1-3, Бесарт Абдурахими ги одигра последните 5 минути за својот Локерен, кој забележа минимална победа над англиски Хул со 1-0, додека пак Муарем Муарем одигра 67 минута за Карабах, кој ремизираше со Твенте на домашен терен, играјќи 0-0.

Од останатите натпревари, како позначајни може да ги издвоиме победите на Партизан, кој со пресврт славеше над Нефчи Баку со 3-2 и Тотенхем кој славеше на незгодното гостување на Кипар против Аел Лимасол со 1-2, а и киксовите на Лион, кој беше поразен дома од Астра со 1-2 и нерешениот резултат на фаворитот Торино на гостувањето кај Сплит.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.