Одиграни првите натпревари во рамките на третото квалификациско коло од Лигата на Европа

Вчера беа одиграни првите натпревари во рамките на третото квалификациско коло од Лигата на Европа, а на кои имаше неколку навистина интересни резултати. Она што нас не интересира најмногу се одличните средби кои ги одиграа нашите интернационалци, Адис Јаховиќ и Мартин Богатинов.

Јаховиќ со својата Ријека гостуваше на Фарските Острови и успеа да го декласира домашниот тим Викингур со убедливи 1-5. Нашиот репрезентативен напаѓач успеа и да го постигне својот деби гол за хрватскиот тим, откако стрелаше прецизно во 52.минута од натпреварот. Богатинов пак, забележа пораз со својот нов клуб Ермис на гостувањето кај Јанг Бојс со 1-0, но според медиумите во Кипар, нашиот повремен репрезентативец имал одлично деби помеѓу стативите и се нагласува дека ќе биде огромно засилување за кипарскиот тим во новата сезона.

Од оние останати поинтересни натпревари може да се издвојат поразите на белгискиот Зулте Варегем, кој на домашен терен беше поразен од белорускиот претставник Солигорс со убедливи 2-5, потоа Сент Џонстон, кој дома беше поразен од Спартак Трнава од Словачка а и на австрискиот тим Гродиг, кој беше поразен од Зимбру од Молдавија.

Резултати од синоќешните натпревари: Шахтјор(Каз) – Хајдук(Хрв) 4-2; Астана(Каз) – АИК(Шве) 1-1; Нефчи(Азе) – Чикура(Гру) 0-0; Астра(Ром) – Либерец(Чеш) 3-0; Динамо Москва(Рус) – Шмона(Изр) 1-1; Елфсборг(Шве) – Хафнафјордур(Исл) 4-1; Омонија(Кип) – Металург(Мак) 3-0; Рух Хорзов(Пол) – Есбјерг(Дан) 0-0; Бромапојкарна(Шве) – Торино(Ита) 0-3; Динамо Минск(Блр) – Клуж(Ром) 1-0; Гетеборг(Шве) – Рио Аве(Пор) 0-1; Карабук(Тур) – Розенборг(Нор) 0-0; Млада Болеслав(Чеш) – Лион(Фра) 1-4; ПСВ(Хол) – Сент Полтен(Авс) 1-0; Тренчин(Сло) – Хул(Анг) 0-0; Јанг Бојс(Шва) – Ермис(Кип) 1-0; Зориа(Укр) – Молде(Нор) 1-1; Петролул(Ром) – Плзен(Чеш) 1-1; Сплит(Хрв) – Черноморец(Укр) 2-0; Викингур(Фар) – Ријека(Хрв) 1-5; Зулте Варегем(Бел) – Солигорск(Блр) 2-5; Клуб Бриж(Бел) – Брондби(Дан) 3-0; Диосѓор(Унг) – Краснодар(Рус) 1-5; Мајнц(Гер) – Астерас(Грц) 1-0; Реал Сосиедад(Шпа) – Абердин(Шко) 2-0; Сараево(БИХ) – Атромитос(Грц) 1-2; Стјарнан(Исл) – Лех Позњан(Пол) 1-0; Сент Џонстон(Шко) – Спартак Трнава(Сло) 1-2; Гродиг(Авс) – Зимбру(Мол) 1-2.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.