Одјавување неважечки документ и вадење нов отсега за еден ден

Министерството за внатрешни работи и Службен Весник од следниот месец во функција го стават новиот начин на пријавување на неважечки документи и почнување на постапката за вадење нов.

Со новиот начин граѓаните кои изгубил лична карта, пасош, возачка или сообраќајна дозвола отсега нема да го пријавуваат документот за неважечки во Службен весник, туку тоа ќе може да го сторат во Управните одделенија на МВР и веднаш да поднесат барање за издавање на нов документ.

„Со ова граѓаните оваа суштинска постапка ќе може да ја завршат на едно место. Воспоставивме техничка инфраструктура низ која граѓаните веќе можат изгубените документи да ги пријават само во Управните служби на МВР а потоа низ службена комуникација се обраќаме до Службен весник за да се заврши оној официјален дел на објавување, а потоа граѓани во соодветна постапка добиваат нови документи. Плаќањето ќе се врши како и досега“, вели министерката Гордана Јанкулоска.

Новата постапка ќе значи многу за граѓаните во градовите каде Службен весник немаше свои канцеларии, па за нив пријавувањето на неважечки документ беше особено комплицирано.

„Целта на овој проект е да со поедноставување  на процесуда за објавување кога дестина дена се чекаше за објави, а сега граѓаните ќе можат за еден ден да направи објави на изгубениот документ и да ја почне постапката за вадење на нов документ“, вели директорот на Слубежн весник, Тони Трајков.

Статистиката покажува дека македонските граѓани годишно губат околу 30 илјади документи, а тоа најчесто се лични карти, пасоши и возачки дозволи.

Трајков вели дека се разговара и со Министерството за здравство и за образование и наука ваква слична постапка да се воведе и за изгубените здравствени картички, дипломи, ученички книшки, индекси и слични документи.