Свет

Одлична година за италијанскиот автомобилски сектор

Одлична година за италијанскиот автомобилски сектор

По повеќе години економска криза, 2015 година може да биде одлична година за италијанскиот автомобилски сектор, изјави извршниот директор на ФЦА Серџо Маркионе, објави МИА.

– Во 2015 година по шест или седум години пазарен слом, ќе почне нов циклус. Ако повлечеме вистински потези, 2015 ќе биде одлична година – рече Маркионе на собирот на инвеститори во Њујорк.

Директорот на ФЦА наведе дека падот на еврото исто така игра улога во јакнење на италијанската економија, додавајќи дека верува дека заедничката европска валута ќе ослабе уште 10 отсто во однос на доларот.

ФЦА оваа година очекува раст на профитот во Европа, сметајќи дека американскиот пазар на автомобили веќе достигна полн капацитет. Фијат Крајслер во четвртиот квартал забележа прв профит во Европа по 2007 година.