Одлична идеја за закуска – американски колачиња!

Овие колачиња, попознати како американски колачиња се секогаш добра и слатка идеја за закуска.

Потребни ви се 2 шолји сенаменско брашно, 1лажица сол, 1 лажица прашок запециво, 1 лажица сода, 3 лажици маргарин, 1 шолја кафен шеќер, 10 лажици шеќер во гранули, 2 јајца, 1 лажица екстракт од ванила, 1 шолја чоколадни мали коцки.

Заедно ставете го брашното, солта, пецивото и содата. Загрејте ја рерната на 250 степени. Маргаринот и шеќерите измиксирајте ги заедно, околу 3-4 минути. Додадете ги јајцата и ванилата. На оваа смеса додајте ја претходната и додајте ја чоколадата. Формирајте топчиња од смесата и поставете ги во плех за печење, откако малку ќе ги притиснете. Печете додека не добијат златна боја на краевите, околу 15 минути.