Одлична мотивација за фудбалерите пред мечот со Белорусија

Македонската фудбалска репрезентација денеска го игра петтиот квалификациски меч во циклусот за пласман на Евро 2016 против Белорусија, а победа е желбата на црвено-жолтите за да се одржи чекорот кон главната цел – четвртото место во групата.

Фудбалерите за дуелот со Белорусија освен победата, мотивот да излезат од стотото место на ФИФА-листата и серионо да напредуваат со победа, дополнително се мотивирани и со премија од 47 илјади евра, која е предвидена за овој меч. Вкупно 219.245 евра премии за оваа година за националниот тим, ако црвено-жолтите во шесте предвиден мечеви во квалификациите успеат да освојат дури 12 бодови.

Прв дуел е денешниот со Белорусија, за кој во буџетот на ФФМ во делот за националниот тим, само победа може да им донесе премија на фудбалерите и тоа од речиси 50 илјади евра.

Покрај оваа , предвидена е и премија од 31.300 евра за реми во јунскиот меч на гостувањето кај Словачка.

За септемвриско-октомвриските завршни четири дуели во овој евроквалификациски циклус, ФФМ ќе им даде премии на фудбалерите од 78.300 евра ако освојат четири бода во двата дуели, т.е. ако го победат Луксембург на гости и ремизираат со Шпанија, а 62.645 евра е премијата за четири бода и еден месец подоцна, за триумф над Украина и реми на гостувањето во Белорусија.

По мечот со Белорусија, Македонија на 14 јуни ќе и гостува на Словачка, потоа на 5 септември гостуваат во Луксембург, а три дена подоцна на „Денот на независноста“ (8 септември) ќе ја дочекаат Шпанија. Последните два дуели се на 9 октомври против Украина во Скопје и на 12 октомври во Белорусија.

Извор: Спортмедиа.мк