Одлична програма на „Баскерфест“ за граѓаните низ цела Македонија

Фестивалот на улична уметност „Баскерфест“ годинава ќе биде одржан од 12 јуни до 13 јули. Карванот на фестивалот, кој оваа година го прославува 10-от роденден, според најавата на организаторите, ќе понуди одлична баскер програма надополнета со  музика, не само за скопјани туку и за цела Македонија.

Баскерфест 2015 официјално ќе почне на 12 јуни во Скопје, по што ќе продолжи и низ други градови низ Македонија.

Најавено е учество на околу 100 баскер изведувачи од целиот свет, секој од нив атрактивен на свој начин, а покрај уличните артисти, како и секоја година тука се музичките настапи во Пивската градина. Жонглери, брејкденсери, одење по жица, куклен театар, перформанси со оган се само дел од она што се очекува на Баскерфест 2015.