Бесплатни прегледи за мерења на дишната функција

По повод Светскиот ден за хронична опструктивна белодробна болест – ХОББ 2016 година, кој се одбележува под мотото „Не е предоцна“, Институтот  за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје утре организира бесплатни прегледи за мерења на дишната функција.

Прегледите ќе се изведуваат на 16.11.2016 во период од 11 до 14 часот во приземјето на самиот влез во „Скопје Сити Мол“ од страната на Карпош 3.

Со овој настан треба да се испрати порака до населението на Република Македонија за важноста на препознавањето на оваа болест, како и за нејзино навремено дијагностицирање и лекување.

Навременото дијагностицирање и правилното лекување на оваа болест ќе го подобрат квалитетот на живот и животниот век на овие болни.

Еден од најголемите ризик-фактори за појава на ХОББ е пушењето.