Одличниот меч на Аталанта и Лацио заврши без победник

Во последниот натпревар на 17-то коло на италијанското фудбалско првенство, Ааланта и ЛАцио одиграа возбудлив меч во кој поделија по под посигнувајќи по три гола.

Покрај шесте голови (3:3), дуелот меѓу Аталанта и Лацио изобилуваше со низа шанси и на двете страни. Домаќините водеа со 2:0, но до крајот на полувремето Лацио изедначи. Во 50 минута Аталанта повторно дојде во водство, но десет минути пред крајот Лацио уште еднаш изедначи.

Головите за Аталанта ги постигнаа Матија Кладара во 19, Јосип Иличиќ во 22 и во 50 минута од пенал, додека за Лацио двоен стрелец бепе Сергеј Милинковиќ0Савичќ во 27 и 35 минута, и Луис Алберто во 79 минута.

Во дербито на дното од табелата во Серија А последниот Беневенто не успеа да ја искористи предноста на домашен терен против претпоследниот СПАЛ и иако поведе беше поразен со 1:2 и остана на само еден освоен бод. Домашните поведоа преку Коста во 59 минута, а гостите направија пресврт преку двојниот стрелец Флокари во 64 и 73 минута. СПАЛ сега во борбата за опстанок се качи на 18-та позиција со 14 бодови фаќајќи приклучок со групата тимови кои ќе се борат за прволигашкиот статус и следната сезона.

Претходно во неделата италијанскиот фудбалски шампион Јувентус рутинско го одработи гостувањето во Болоња победувајќи со 3:0, со што моментално е на втората позиција на табелата.

Торинската „Стара дама“ поведе во 27 минута со голот на Миралем Пјаниќ, а истиот играч во 36 минута му асистираше на Марио Манџукиќ да го совлада домашниот голман Антонио Миранте. Конечниот резултат го постави Блез Матиуди во 64 минута.

Кротоне со голот на Анте Будимир во 34 минута од натпреварот го совлада Киево. Фиорентина и Џенова, пак, одиграа без голови, а Сасуоло со голот на Алесандро Матри во 90 минута на гостувањето ја совлада Сампдорија. Домашните во 82 минута не реализираа пенал.

Во претходно одиграниот натпреварот од неделната програма на Серија А, претпоследниот тим Верона со само четири удари кон противничкиот гол со 3:0 на домашен терен го совлада гигантот Милан.

Во водство на табелата е Наполи со 42 бода, пред Јувентус кој има 41 и Интер со 40 бодови, кој во саботата на домашен терен беше изненаден од Удинезе со 1:3.