вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 3

Одложена главната расправа за случајот ,,Фабрика за афери“

Според обвинението Захир Бекири и Имер Бекири се товарат за извршување и набавка на оружје и средства за извршување, фалсификување патни исправи и злоупотреба на лични податоци.

Одложена главната расправа за случајот ,,Фабрика за афери“

Одложена главната расправа за случајот ,,Фабрика за афери“

Последни вести

Првото рочиште за главните осомничени во случајот „Фабрика за афери“, Захир Бекири – Чауш и неговиот брат Имер Бекири, е одложено за 25 април.

Одбраната тврди дека се уште не ги видела сите докази кои ги има Обвинителството.

Од друга страна, обвинителот изјави дека бранителот не побарал увид во доказите и се согласи Судот да му овозможи увид.

Захир Бекири – Чауш

Захир Бекири – Чауш

Пред почетокот на главната расправа адвокатот Мирослав Вујиќ обвини дека Чауш шест часа бил држен во Основното јавно обвинителство, каде му биле вршен притисок, трпел закани и добивал непринципиелни предлози. Тоа во својот исказ го потврди и Захир Бекири. Тој тврди дека на 26 февруари од Идризово бил однесен во Основно јавно обвинителство откако одбил да потпише документи, со кои наводно претседателот на СДСМ Зоран Заев и екс директорот на УБК, Зоран Верушевски му дале усб со прислушувани материјали, бил психички малтертиран, објави Канал 5.

За денешното рочиште беа повика шестмина сведоци. Инаку, според обвинението Захир Бекири и Имер Бекири се товарат за извршување и набавка на оружје и средства за извршување, фалсификување патни исправи и злоупотреба на лични податоци.

Како што е познато, Чауш се товари за поседување нелегално прислушувани снимени разговори , кои потоа ги продавал во соседните земји.

Во неговиот дом полицијата најде и опрема за фалсификување лични карти и пасоши , како и фалсификат  бугарски пасоши со имињата и фотографиите на луѓе од највисокото државно раководство меѓу кои и екс премиерот Груевски, неговиот шеф на кабинетот Протоѓер и други поранешни и актуелни министри.

Пронајдени беа и фалсификувани обрасци од наводни банкарски трансакции од банки во Швајцарија и други оф шор земји на кои стоело името на екс шефот на ДБК Мијалков кои требало да послужат за негово дискредитирање во јавноста и фабрикување обвиненија за нелегални трансфери на пари.

Пронајдена беше и база на податоци со украдени идентитети на повеќе од 120.000 граѓани.

Најчитани вести